Екс судијата во анализа за „Марка“ вели: Изгледа како да е гол (Видео)

Реал Мадрид ја победи Барселона со 3:2 и Кралскиот клуб дојде до 11 бода пред вечниот ривал на табелата во шпанското првенство. Со ваква позитива, мадриѓани полека може да се подготвуваат да ја слават титулата во првенството.

Ел Класико на „Сантијаго Бернабеу“ беше одлично, а покрај петте голови, имаше и една спорна ситуација. Во првото полувреме, при резултат 1:1, Барселона нападна, Ламин Јамал шутираше, а Лумин со крајни напори одбрани.

Сепак, спорно беше дали голманот на Реал Мадрид успеа навреме да реагира или топката ја помина гол-линијата со целиот обем. Бидејќи немаше гол-линија технологија, преку ВАР системот беше донесена одлука дека немало погодок.

Некогашниот шпански судија Алфонсо Перес Бурул, а сега судиски експерт на „Марка“ коментираше дека според него тоа е чист погодок.

„Немаме технологија која ќе го даде вистинскиот одговор на ова прашање, но со чини дека топката во целост ја помина линијата. Лунин беше во голот, а мислам дека тоа е гол. Сепак, ако судиите не се стоотсто сигурни дека е гол, тогаш правина е одлуката да не се признае погодок“, анализираше Бурул за весникот „Марка“.

- Оглас -

Најнови вести