Првиот освојувач на Купот на Хрватска и некогашен реномиран клуб Интер од Запрешиќ згасна минатата година. Клубот доживеа банкрот, а сега се распродаде целиот имот на клубот и тоа само за 3.000 евра.
Продадени се клупските трофеи, пехарите, фотографии…Клубот кој некогаш играше во Европа и во кој играа играчи кои станаа големи ѕвезди, сега веќе не постои. Низ годините, дресот на Интер Запрешиќ го носеле освојувачот на Златната топка, Лука Модриќ, потоа Ведран Чорлука, Едуардо да Силва, Дејан Ловрен, како и Македонците Илија Несторовски, Александар Трајковски, Марјан Алтипармаковски, Зоран Даноски…
Во стечајната маса на продажба се најдоа и два контејнери кои служеа како соблекувални на тимот, две косилки за трева, машина за перење, ледомат… Едноставно и последното делче кое потсетува на Интер Запрешиќ веќе не постои.