Поранешен тренер на Барса го „,минира“ трансферот на Гризи во Каталонија

Доколку Антоан Гриезман не заврши во Барселона, една од причините може да биде интересот за него и од богатиот Манчестер сити, чиј тренер е некогашниот предводник на Барса, Пеп Гвардиола.

Гриезман објави дека по пет години престој, си заминува од Атлетико Мадрид и бара нов предизвик во кариерата. Многумина сметаат дека популарниот Гризи ќе премине во Барселона, која го бараше и лани. Тогаш Гриезман одлучи да остане „јорганџија“, но сега се кае за таа одлука.

Освен Барселона, за неговите услуги се интересира и ПСЖ, но сега и Манчестер сити. Пеп Гвардиола би порачал на сопствениците на англискиот првак да сторат сè што е потребно за да го донесат Французинот кој има откупна клаузула од 110 милиони евра, сума која е „ситница“ за клубот кој во последните години троши многу пари. Ако Гриезман премине во Сити, тоа би значело дека каталонецот Гвардиола би му ја расипал работата на клубот во којшто ја стекна играчката и тренерската репутација. Проблем за премин на популарниот Гризи во Сити е финансискиот фер плеј.

- Оглас -

Најнови вести