Екстренер на Карпош соколи ја презеде Игокеа

Драган Николиќ е новиот шеф на стручниот штаб на Игокеа. Српскиот стручњак во македонската јавност е познат по тоа што пред две сезони со успех го водеше Карпош соколи во АБА-лигата и му го донесе единствениот трофеј во клупската историја.

По заминувањето од Македонија, 46-годишниот Николиќ работеше во Полска. Откако го напушти Кошалин, сега популарниот Гаги стана прв тренер на Игокеа, која ќе ја води до крајот на сезоната. Николиќ има искуство во АБА бидејќи ги водеше „соколите“ и Металац.

На клупата на Игокеа, Николиќ го наследува Жарко Милаковиќ, кој не издржа многу долго откако беше назначен за тренер по разделбата со Ненад Трајковиќ. Дали третиот тренер сезонава ќе се покаже како среќен за клубот, останува да се види.

Во моментов, Игокеа е на 10-тото место во Јадранската лига, има еднаков број бодови со последната Крка и веројатно ќе се бори за опстанок, но има и само две победи помалку од петтиот Партизан. Последниот тим испаѓа директно, а претпоследниот игра бараж со вториот од АБА 2 лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести