Екс тренер на Панчев и Најдоски одбил понуда од Пабло Ескобар

Владица Поповиќ кој е најпознат по тоа што ја водеше Црвена ѕвезда со победата од 3-0 против чилеански Коло Коло во 1991 година на Интерконтиненталниот куп, голем дел од кариерата мина во Јужна Америка, а во 80-тите години имал понуда за работа од славниот колумбиски крал на дрогата, и некогаш најбаран мафијаш на светот Пабло Ескобар.

„Ме однесе во неговата вила и сакаше да ме импресионира со тоа што во базенот ме послужи со виски. Бараше да станам тренер на неговиот клуб од Меделин. Веднаш одбив, бидејќи ако на таков човек му кажев дека ќе размислам, тоа би било исто како да сум прифатил, и ќе имав проблем. Го погледнав во очи, собрав храброст и му реков благодарам, но не можам“ – раскажува Србинот.

Ескобар му порачал да не одбива веднаш и на Поповиќ му ветувал забава со најубави жени само за него, и дека ќе добие пари колку што сака.

„И сега ми се тресат колената кога ќе се сетам како се чувствував додека го одбивав, но знам дека донесов правилна одлука“ – додава Поповиќ кој сега има 84 години.

- Оглас -

Најнови вести