Од наредната сезона во МЛС првенството во САД ќе има уште еден клуб и тоа, екипата на Интер Мајами, која е во сопственост на Дејвид Бекам. Поранешниот англиски репрезентативец беше еден од првите ѕвезди во Европа, што реши да заигра во МЛС, кога потпиша петгодишен договор со ЛА Галакси.
Бекам заработи огромна сума на пари во САД, одлично се вклопи и стана легенда на МЛС. По завршување на играчката кариера, Бекам неколку години се обидуваше да најде начин како да влезе во фудбалот, а да не биде тренер. Реши да создаде свој клуб, а сега е во интензивна потрага на играчи и тренери.
Најавите се дека Бекам го решил тренерското место и тоа е резервирано за некогашниот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари. Аргентинецот моментно е без работа, ша одлично би му дошол предизвикот да биде прв тренер на клубот кој го создава Дејвид Бекам.