Екстренерот на Алавес рекетиран од група уценувачи

Поранешниот тренер на Алавес, Абелардо Фернандес, мораше да плати околу 26.000 евра откако бил уценуван. Фернандес, кој сезонава е без работа, извршил три различни трансакции и тоа во суми од 12.000 евра, 13.500 евра и 450 евра на група уценувачи.

Се верува дека со оваа група уценувачи е дел од групата на фудбалерот на Леванте, Тоно Гарсија, кој беше уапсен за изнуда во февруари оваа година. Како успеала групата да изнудува пари од Фернандес? Уценувачите ставиле лажни огласи за запознавање на девојки и чекале некој познат да се вклучи во разговорот и флертот.

Абелардо во декември 2017 година седна на клупата на Алавес, а тимот како да се прероди. Во првата сезона го спаси тимот од испаѓање, а во втората сезона беше на 11-тото место. Алавес во ноември минатата година беше во Топ 5 екипите на табелата, но на крајот сепак заврши во долниот дел од табелата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести