Екс-вардарецот Барсегјан постигна два гола и сепак не беше топ-стрелец во лудиот меч во Казахстан

Екс-вардарецот Тигран Барсегјан постигна два гола за Астана против Купс во луд реванш меч за пласман во Конференциската лига на Европа. Казахстанците прокоцкаа предност од два погодоци и тоа двапати и беа поразени со 3:4 за елиминација од финскиот тим.

Првиот меч во Финска заврши нерешено, а во реваншот Барсегјан блескаше и со два гола и носеше предност на Астана од 2:0 и од 3:1, но и тоа не беше доволно за пласман во плејофот.

Претставата на Тигран ја засени Бразилецот Рангел, кој одигра неверојатен фудбал и со хет-трик беше рворец на чудото на Купс. Рангел влезе во игра на почетокот на второто полувреме и за нешто повеќе од 20 минути испука рафал од три гола, од 53. до 74. минута.

На домаќините не им помогна ниту прекрасната партија фудбал на Хрватот Марин Томасов, кој асистираше за сите три гола на Астана и сепак Купс ќе игра двомеч за пласман во Коференциската лига на Европа.

Противник на финскиот клуб ќе му биде германскиот претставник Унион Берлин, а подобриот од овој двомеч ќе игра во премиерната сезона во новото натпреварување на УЕФА.

Барсегјан со репрезентатцијата на Ерменија ќе гостува во Скопје на 2. септември во многу важен квалификациско меч за Македонија за настап на Мундијалот во Катар.

Ерменците по три кола се лидери во Ц групата со 9 бода, а Македонија е зад нив со шест. На овој меч деби како селектор на Македонија ќе има Боби Милевски, кој го замени Игор Ангеловски на кормилото на нашата репрезентација.

 

 

- Оглас -

Најнови вести