Металург беше на прагот на успех против Бешикташ, одлично се држеше во текот на целиот меч, но Немања Прибак беше немилосрден и со последниот гол на натпреварот во Измит му донесе победа на домаќинот.
Тоа беше единствениот погодок за македонскиот репрезентативец, но и најважен за триумф од 23:22 за Бешикташ.
Рамазан Доне беше незадржлив со 9 погодоци за клубот од Истанбул, а за Металург најефикасни беа Марио Танкоски и Анте Токиќ со по пет погодоци.
По израмнетото прво полувреме (12:12), финишот беше возбудлив, а Металург имаше предност од 20:19, но не успеа да ја задржи предноста и го претрпе седмиот пораз во Лигата на шампионите во осмиот меч.