Ексводачот на Делиите вели: Аркан никогаш не бил навивач на Црвена ѕвезда, УДБА го намести (Видео)

Зоран Тимиќ-Тима е некогашен водач на навивачите на Црвена ѕвезда кој од неодамна започна серијал во кој раскажува какво било навивачкото движење во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

Во првата епизода од серијалот, популарниот Тима раскажуваше како планирале да му ги скршат нозете на Дражен Петровиќ, а сега изнесе нови интересни детали од историјата.

На клупскиот канал на Црвена ѕвезда излезе новата епизода од серијалот „Ултрас, приказните на Тима“, во која ексводачот на Делиите меѓу другото раскажува и за Жељко Ражнатовиќ-Аркан и неговата улога на трибината на крајот од осумдесетите и почетокот на деведесетите.

„Аркан никогаш не бил навивач, а не пак водач на навивачите на Ѕвезда, како што се зборуваше во медиумите. Целата приказна почнува кога на ‘Максимир’ во 1990 година се скандираше против Слободан Милошевиќ, што не ѝ се допадна на полицијата. Размислуваа како да нѐ спречат во тоа и ни го пратија Аркан, кој беше припадник на службата УДБА“, вели Тимиќ.

Аркан тогаш направил состанок со сите елитни навивачи на Делиите, но Тимиќ не се појавил таму.

„Не сакав да одам затоа што бев против сѐ што беше поврзано со Милошевиќ. Аркан на тој состанок рекол дека ние треба да бидеме навивачка група и дека не треба да се мешаме во политика. Тоа беше прифатено затоа што немаше друг избор. Потоа во медиумите се појави информацијата дека Аркан ги формирал Делиите. Тој само неколку пати во животот бил на Север и целата таа приказна дека тој е водач е фабрикувана од партијата СПС на Милошевиќ за да се сопре скандирањето против неговиот режим на трибината“, објаснува Тимиќ.

Тима зборува и за случувањата на 13 мај 1990 година на стадионот „Максимир“ меѓу Динамо и Црвена ѕвезда и додаде дека Југославија ќе се распаднела и без да се случил тој инцидент.

- Оглас -

Најнови вести