Ексфудбалер со 28 трофеи ќе му биде нов предводник на Пандев?

Андреа Андреацоли, тренерот на Џенова, се наоѓа пред отказ по вчерашниот дебакл кој го претрпе екипата на гостувањето кај Парма со 5-1. Тоа беше петти пораз кој го доживеа Џенова во последните шест првенствени меча, па јасно е дека во најскоро време Калчолигашот ќе доведе нов кормилар кој ќе има тешка задача да го извади тимот од црвената зона на табелата во Серија А.

Како прв фаворит за смена на Андреацоли се појави името на поранешен фудбалер на Барселона, ПСЖ и Интер, а моментално работи како тренер на младинската екипа на Светците од Париз. Станува збор за Тијаго Мота, Бразилецот со италијански пасош, кој своевремено ги бранеше боите на Џенова во сезоната 2008/09.

Ангажман во Џенова би бил прв посериозен предизвик за Мота откако почна да го изучува тренерскиот занает, а преговорите ќе покажат дали Мота е вистинскиот човек за Џенова или, пак, некој друг ќе му биде тренер на македонскиот капитен Горан Пандев.

Како фудбалер, Мота се закити вкупно со 28 трофеи, од кои 17 ги освои со ПСЖ, но најголеми успеси имаше во дресовите на Барселона и Интер, со кои по еднаш ја освои Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести