Ексфудбалер тврди дека е татко на Маркус Рашфорд: Сине, ти всушност си од Гана

Некогашниот фудбалер од Гана, Мајкл Боје Маркије ја шокираше англиската јавност со тврдењата дека тој всушност е татко на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд. Мајкл уште одамна има пристигнато од Гана во Велика Британија и сега има 65 години.

„Маркус Рашфорд е мој син и тој тоа го знае, иако неколку години се немаме видено. На почетокот се лутеше затоа што мислеше дека го имав напуштено, но не е така. Многумина доаѓаат кај мене за да им ја раскажам приказната, но јас не трчам по пари и слава. Само сакам Рашфорд да знае дека неговите корени се од Гана“, вели Мајкл, кој тврди дека пред 22 години бил во врска со мајката на Рашфорд.

- Оглас -

Најнови вести