Екскапитенот на Сити уште на полувреме го славеше пласманот во финалето (видео)

Мика Ричардс, екскапитенот на Манчестер сити, како еден од аналитичарите за дуелите на Граѓаните во Лигата на шампионите, уште на полувремето се радуваше на пласманот на тимот кој го води Пеп Гвардиола во историското прво финале на овој клуб.

Марез во 11-тата минута го донесе водството за домаќините со кое вкупниот резултат беше 3-1 во тие моменти во корист за Сити.

„Во Сити веруваме, Истанбул, доаѓаме. Емоциите ми се измешани, но се чувствувам како да сум на седмо небо“, истакна Ричардс на паузата.

- Оглас -

Најнови вести