Експеримент на Тухел, Баерн вечерва во купот тргна во формација 0-5-5!

Баерн Минхен на вечерашниот куп-дуел против третолигашот Минстер во почетните 11 нема ниту еден централен дефанзивец, но засега тоа не е проблем, до финишот на првото полувреме Баварците немаат примено гол.

Во ултраофанзивниот состав, на голот е Израелецот Даниел Перец, кој дебитира за Баерн, а одбраната ја сочинуваат бековите Дејвис, Лајмер и Мазрауи, како и плејмејкерот Горецка. Во средината и нападот се еден куп офанзивци.

Баерн води со 2-0, стрелци беа Чупо Мотинг и Лајмер, а проблем е што се повреди Гнабри, па рано мораше да го напушти теренот.

- Оглас -

Најнови вести