Комбинација од игри на голови и фиксови да се погоди победникот се покажа како перфектна на тикетот кој во понеделникот беше уплатен во скопско Драчево. На тикетот кој само со 100 денари влог стигна до нето-добивка од 94.507 денари имаше вкупен погоден коефициент од 1.111,67.
На сите три меча од втората холандска лига беше погодено дека ќе има гол-гол комбинација во првото полувреме. Де Графшап и Алмере на полувреме играа 3:1, на Рома и Камбур по 45 минути беше 1:1, а Јонг ПСВ и МВВ во првиот дел играа 2:1.
Со гол-гол комбинација по 90 минути игра завршија дуелите Евертон – Вест хем (1:1), Бешикташ – Кошаелиспор (3:1) и Митјиланд – Рандерс (2:1). На овие три меча важно беше домаќините да не загубат, а така беше и на крајот.
Лацио убедливо со 3:0 ја победи Џенова на гости и беше погодена „двојката“ со опцијата да има од два до пет гола на мечот.