Европската фудбалска федерација (УЕФА) отвори истрага за наводни расистички навреди кон Винисиус јуниор за време на мечот меѓу Бенфика и Реал Мадрид. Целиот хаос се случи кога Винисиус даде гол, а потоа прослави играјќи покрај корнер-знаменцето.
Поради неспортска прослава, судијата му даде жолт картон на играчот на Реал Мадрид, а потоа тој збесна. Густаво Мачадо, кој е експерт за читање од уста, се обиде да ги „дешифрира“ сите дијалози во тој според период, и тоа гледајќи ги видеоснимките.
Мачадо својата верзија ја претстави на социјалните мрежи, а драмата започнува откако судијата му даде жолт картон на Винисиус, кога Бразилецот почнал да вика: „Зборувај идиоту! Зошто? Зошто ми даде картон? Се шегуваш? Зошто мене? Зошто?“.
Потоа Винисиус започнува кавга со играчот на Бенфика, Престијани, кој беше пред него. „Молчи идиоте! Молчи е*ана кукавица“, му викал Винисиус на Престијани, а потоа фудбалерот на Бенфика го крена дресот и ја покри устата и нешто му возврати. Тоа е спорниот момент.
Тогаш Винисиус веднаш се стрча кон судијата. „О, судија, ми рече мајмун. Ми рече мајмун! Ме нарече мајмун!“, наводно неколкупати Винисиус потенцирал кон судијата. Потоа Винисиус тоа му го рекол и на Отаменди. „Ме нарече мајмун. Знам што ми рече. Само мене жолт картон, а за него не“, викал играчот на Реал Мадрид.

