Мечевите од првото коло во фудбалската Лига на шампиони донесоа многу радост и добивки кај обложувачите во Sport Life. Во низата погодени тикети, посебно интересен е оној кој во средата беше уплатен во Гостивар.
Одиграни се четири меча од средата и четири меча од четвртокот, сите во Лигата на шампионите, а на крајот погодени се сите и добивката е 106.347 денари, и тоа само на 200 денари уплата.
Погодени се победите на ПСЖ, Ливерпул и Манчестер сити. Одлично е искомбинирано и дека Баерн ќе слави над Челзи, во меч на кој двете екипи ќе дадат барем еден гол, како и тоа дека Интер ќе се радува во Амстердам против Ајакс во средба на која ќе има од два до четири погодоци.
МОРА ДА СЕ ИМА И СРЕЌА, ГОЛ ВО 90+1 МИНУТА ГО СПАСИ ТИКЕТОТ
Одлично е искомбинирано дека Барселона ќе победи кај Њукасл во меч со три погодоци (победа на Барселона од 2:1). Одлични квоти се и на тоа дека Ајнтрахт дома нема да загуби од Галатасарај во меч со три или повеќе гола, како и тоа дека Баер Леверкузен нема да загуби кај Копенхаген во дуел со 3+ погодоци. На овој меч во Данска беше вистинска драма затоа што Копенхаген водеше со 1:0 до 82-рата минута. Баер израмни, а во 87-мата минута Копенхаген поведе со 2:1. Се играше 90+1 минута кога Баер Леверкузен со автогол стигна до 2:2 и добитен тикет во Гостивар.