10.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Експерт за НБА погоди квота од 10.515, но требаше да има поголема храброст за да има милионска добивка (Фото)

Синоќа во Гостивар беше уплатен тикет со една од најголемите погодени вкупни квоти во последен период. Експерт за НБА-лигата успеа да креира тикет со седум НБА-натпревари кои се одиграа утрово, и тоа на играта „полувреме-крај“ и сите да ги погоди.

Интересно е дека дури четири меча се погодени каде што имаше пресврт, односно едната екипа да води на полувреме, а на крајот да слави другата екипа. Вкупниот погоден коефициент е неверојатен и изнесува дури 10.515, а е уплатено само со 100 денари.

Сепак, наместо тикетот да биде со милионска добивка, таа е помала затоа што е одиграно со комбинации, односно на тикетот се бара да има барем пет погодени од седум. Бидејќи се погодени сите седум, добивката е 89.619 денари.

Од мечевите каде што имаше пресврти, едниот тим да води на полувреме, а другиот да се радува на крајот, погодени беа: Детроит Јута 114:103 (53:55 полувреме), Индијана – Бруклин 103:112 (59:54), Њујорк – Минесота 137:114 (54:58) и Сакраменто – Голден Стејт 121:116 (57:62).

Освен овие три пресврти, погодени се и три натпревари каде што фаворитот води на полувреме и на крајот победува. Едноставно тикетот е фантастично направен, погоден е неверојатен вкупен коефициент, но некогаш е потребно да се има многу поголема храброст и да се одигра без систем за на крајот да има многу поголема добивка.

- Оглас -

Најнови вести