Во швајцарската Суперлига вчера се одиграа три меча, на два имаше пресврти, а еден обложувач кој уплати тикет во Sport Life во Гевгелија успеа да ги погоди. Грасхоперс на полувреме губеше со 0:1 од Цирих, а во вториот дел домаќините најпрво израмнија на 1:1, па во 90+5 минута Грасхоперс постигна и втор гол за победа од 2:1.
Многу слично беше сценариото на дуелот Луцерн и Лозана. Гостите погодија во првиот дел за водство од 1:0, а Луцерн направи пресврт во вторите 45 минути. Најпрво израмни на 1:1 во 62-рата минута, а во 89-тата минута беше комплетиран пресвртот и домаќините се радуваа на триумф од 2:1.
Во исто време, во Португалија играа Боависта и Портимоненсе. Според квотите, гостите беа со помала шанса за победа, но на теренот не беше така. Портимоненсе уште во првото полувреме постигна три гола и на крајот победи со 4:1 за погодена комбинација од 2&3+.
Со овие три погодени меча, обложувачот само со 50 вложени денари успеа да погоди вкупен коефициент од 5.187 и со тоа да стигне до нето-добивка од 242.495 денари. На овој тикет има и дополнителен бонус затоа што е уплатен „во живо“, односно неколку секунди откако започнале дуелите во 16:30 часот во неделата.