5.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Експерт за ракомет е жена – беше најдобра и заработи 120.000 денари !

Ракометното Европско првенство ја спушти завесата, а репрезентацијата на Данска го запоседна тронот и ќе го има приматот на континентален владетел. Данска беше најдобра на теренот, а кога се работи за Експерт за ракомет во акциската игра на Sport Life, тука главниот примат ѝ припаѓа на Гита Димитрова.

Гита имаше направено перфектен тикет со 13 погодени, од кои седум од ракометната понуда, додека останатите шест беа фудбалски дуели, а на крајот погоди вкупен коефициент од 2.636,24, најмногу од сите кои уплаќаа тикети што влегуваа во оваа акциска игра.

За овој подвиг, освен добивката на тикетот, Димитрова како Експерт за ракомет и првопласирана си заработи дополнителни 120.000 денари.

Според правилата, со играње од една СЛ картичка може да се добие еден подарок, па затоа второто место овојпат го освои Ѓорге А., кој успеа да погоди вкупна квота од 340.61. За овој подвиг Ѓорге си заработи 1.000.000 СЛ поени во СЛ маркетот.

Трет на крајот е Марјан Б., кој имаше добитен тикет со вкупен коефициент од 314.6 и си заработи 500.000 СЛ поени во СЛ маркетот.

- Оглас -

Најнови вести