Експерт за тенис од Муртино „сервираше“ супер тикет, стружанец само со три меча направи добитна квота од 731

Европското првенство во фудбал е во центарот на вниманието на пошироката спортска јавност и кај обложувачите, но двајца прогнозери направија феноменални добитни тикети без да типуваат на фудбал.

Во објектот на Sport Life во струмичкото село Муртино исплатен е тикет вреден 161.350 денари, а уплатата била само 25 денари. Прогнозерот од Муртино погодил дури 14 тениски натпревари, и тоа не типувал на конечен тип, туку на број на гемови кои ќе се одиграат.

Квотите на тикетот се движат од 1.70 до 1.90 и, за среќа на мајсторот, на сите мечеви играни на 28 јуни на кои тој се надеваше дека ќе има повеќе гемови од зададениот хендикеп, навистина имаше плус гемови.

КОГА ЌЕ ПОГОДИТЕ КВОТА 24 ЗА ЕДЕН МЕЧ, ДОБИВКАТА Е ЗАСЛУЖЕНА

На тикетот во објектот Струга 5, еден прогнозер кој типувал на кошаркарски натпревари од квалификациите за Олимписките игри со уплата од 100 денари, дојде до добивка од 73.140 денари. Необично е што на овој тикет има само три натпревари, но две од трите квоти се огромни.

Овој стружанец прогнозирал дека на мечевите Канада – Кина, Бразил – Хрватска и Турција – Чешка, првите репрезентации ќе ги добијат сите четири четвртини.

Особено голем е подвигот да се „намириса“ изненадувањето во Сплит, каде што според квотите, Хрватска беше фаворит против Бразил, а Кариоките ги декласираа Коцкестите со 27 поени разлика и притоа тимот од Јужна Америка ги доби сите четири квартали од по 10 минути. Квотата дека Бразил ќе ги добие сите четвртини беше дури 24.

- Оглас -

Најнови вести