Челзи со пресврт во второто полувреме стигна до победа од 4:1 против Бетис и го освои трофејот во Конференциската лига на УЕФА. Бетис на полувреме водеше со 1:0, а Челзи имаше фуриозни 25 минути во финишот и во периодот од 65-тата до 90-тата минута постигна четири погодоци за победа и пресврт, за што со обложувачки речник се вели „кец во два“.
Освен овој меч, пресврт со „кец во два“ вчера заврши и дуелот од норвешкото првенство меѓу Бодо/Глимт и Викинг. Домаќините водеа со 2:1 на полувреме, а на крајот се радуваа гостите на триумф од 2:4.
Овие два пресврти одлично ги „намириса“ еден обложувач во Sport Life, кој ги одигра од забава и само со 30 денари успеа да погоди вкупен коеифциент од 1.014, па си заработи нето-добивка од 25.861 денари.
Дека Челзи со пресврт ќе стигне до победа, верувал и обложувач од Штип, но тој имал многу поголема доверба дека ќе биде „кец во два“, па одиграл сингл натпревар на влог од 1.000 денари.
На крајот, освен фудбалерите на Челзи, кои се радуваа на трофејот, се радувал и овој обложувач кој има добивка од 19.700 денари.