Резултатите од вторничките дуели во Лига на шампиони беа посебно среќни за двајца обложувачи во Sport Life. Еден обложувач кој уплатил тикет во Куманово, успеа да направи добитни комбинации за сите девет мечеви кои се одиграа.
Погодено е дека Каират Алмати и Пафос ќе играат нерешено на полувреме или на крај, а средбата заврши 0:0. Барселона со 6:1 славеше над Олимпијакос, а потребно беше каталонскиот гигант да погоди барем четири пати.
Манчестер сити на полувреме водеше и на крајот победи на гости кај Вилјареал и тоа беше добитна комбинација, како и тоа дека на Баер Леверкузен – ПСЖ ќе има 4+ погодоци.
Њукасл со 3:0 ја победи Бенфика, доволно да биде погодено Т1 2+. Играта гол-гол 3+ беше добитна на Копенхаген – Борусија Дортмунд (2:4) и ПСВ Ајндховен – Наполи (6:2).
Тоа што Арсенал и Атлетико Мадрид играа 0:0 на полувреме е доволно да се погоди „било кога Х“, а Интер со 4:0 победи на гости кај Сент Унион, доволно за погоден 3+. Со 100 вложени денари, добивката е 82.281 денари.
Во Гевгелија погоден е тикет со вкупна квота од 1.596 и тоа со само три натпревари, сите со коефициенти над 10. Сите три меча се одиграни на иста комбинација а тоа е да биде гол-гол во првото и гол-гол во второто полувреме.
Такви мечеви беа: Баер Леверкузен – ПСЖ 2:7 (1:4), ПСВ Ајнтховен – Наполи 6:2 (2:1) и Копенхаген – Борусија Дортмунд 2:4 (1:1). Со ваков исход, на вложени 50 денари, добивката е 67.854 денари.