Периодот кој е наменет за репрезентативни пресметки е можност за многу добитни тикети. Од низата успешно прогнозирани тикети, два се посебно интересни и за истакнување.
По вчерашните мечеви во европските квалификации, големо задоволство имаше кај обложувач од Кичево, кој успеа да погоди комбинации од четири натпревари и да направи добитен тикет со квота поголема од 1.000.
Романија во првите 18 минути постигна два гола на гости кај Кипар и тоа беше сосема доволно да се погоди квота од 5.60. Англија ја демолира Србија со 5:0 во Белград, а на полувреме Гордиот Албион водеше со 0:2, што беше таман да се погоди комбинацијата со квота од 6.50.
Босна и Херцеговина загуби со 1:2 од Австрија во меч на којшто на полувреме беше нерешено 1:1, а погодена е комбинацијата Х-2 на полувреме и крај.
Со иста комбинација Х-2, но и дополнето со 3+ погодоци заврши дуелот меѓу Унгарија и Португалија (2:3, полувреме 1:1). На овој тикет само со 100 вложени денари, добивката е одлична и изнесува точно 90.863 денари.
Вистински инстикт за тоа како со точен резултат ќе завршат три меча, имал еден обложувач од Гостивар. На неделните репрезентативни пресметки, на полувреме има одиграно тикет на кој погодил точен резултат на три средби и со 500 денари успеа да си заработи над 1000 евра.