Експертите и обложувалниците го фаворизираат Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е фаворит за освојување на драгоцената вимблдонска титула, а до одбрана на пехарот кој го освои лани, го дели натпревар против можеби најдобриот тенисер на сите времиња, и осумкратен освојувач на Вимблдон, Роџер Федерер.

Србинот на убедлив начин дојде до финалето, тој е помлад и физички во предност во однос на Федерер, во последната година е многу добар, а голем плус му е добриот ритерн, што може да му помогне против прецизниот сервис на Федерер, па Швајцарецот ќе треба да работи за сите поени. Заморот на Федерер не би требало да му биде толку голем проблем, но повеќето аналитичари сметаат дека Новак ќе слави со 3-1 во сетови, иако има и такви кои прогнозираат победа на Федерер.

Федерер пред себе има голема планина за искачување. Тој досега на гренд-слемите, никогаш не ги победил Рафа Надал и Ѓоковиќ на ист турнир. Ако успее и дојде до деветта титула на лондонската трева, целиот свет ќе му се поклони. Швајцарецот четири години нема победа над Ѓоковиќ, и нема да му биде лесно да освои три сета.

Ѓоковиќ и Федерер заедно имаат 35 гренд-слем титули, но кај нив уште постои голема глад за освојување на најзначајните трофеи во светскиот тенис. Скорот во меѓусебните дуели е 25-22 за Србинот, кој има 10-4 на последните 14 соочувања. Новак победи и во финалињата во 2014 и 2015 на Вимблдон.

Според квотите во обложувалницата Sport Life, предност му се дава на Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести