Експертот за давање голови на гости ја запре победничката серија на Жирона

Атлетик Билбао ја запре победничката серија на Жирона и извлече 1-1 на гостувањето кај најпријатното изненадување сезонава во шпанската лига.

Сега Жирона е втора на табелата, но има еднаков број бодови како и Реал Мадрид. Мадриѓаните имаат подобра гол-разлика. Атлетико Мадрид има еден меч помалку, кој ако го добие, би дошол на бод негатива, а ни Барселона не е далеку, има четири бода помалку и трката за титула ќе биде супер интересна, засега има четири кандидати.

Циганков погоди за водство на Жирона, но Атлетик одговори брзо, стрелец беше Ињаки Вилијамс. Ињаки е вториот играч во 21-ви век по Санти Касорла, кој во шпанската лига дал барем 50 гола, а повеќето од нив (57 проценти) се на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести