Феникс санс го совлада Денвер нагетс со 129-124 во многу интересен натпревар, и изедначи на 2-2 во ова западно полуфинале од НБА-плејофот. Засега сите четири меча во оваа серија ги доби тимот кој беше во улога на домаќин, а следниот дуел се игра во Денвер.
Никола Јокиќ уфрли дури 53 поени (негов личен плејоф рекорд), но и тоа не беше доволно за победа. Кај Санс, Кевин Дурант и Девин Букер имаа по 36 поени и го предводеа својот тим до втор триумф по ред против Јокиќ и другарите. Букер по мечот даде изјава дека Јокиќ може колку сака да дава 50 или повеќе поени ако на тој меч победи Феникс.
Јокиќ имаше и еден инцидент со газдата на Феникс санс, го турна на земја со удар со лактот, за што доби неспортска техничка лична грешка, но иако не беше исклучен, НБА-лигата ќе го разгледа инцидентот и може Јокиќ да добие дополнителна казна или уште полошо, суспензија.
https://twitter.com/i/status/1655379253104640000