Илија Несторовски постигна дури пет голови на пријателскиот меч помеѓу Удинезе и Чионс, и му покажа на тренерот дека може да смета на него за натпреварот в понеделник против Верона.
Тимот од Серија А во оваа контрола победи со 10-2, а половината погодоци беа дело на македонскиот интернационалец.
Очигледно дека е Несторовски е во добра голгетерска форма, без разлика што противникот на кој му се истури е нисколигаш.
Популарниот Нестор не беше повикан во националниот тим за дуелите со Грузија и Бугарија затоа што наводно не бил доволно подготвен, а Македонија на тие две средби не успеа да постигне гол.