Седумкратниот освојувач на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, на доминантен начин го надигра и совлада Даниел Еванс во второто коло на лондонскиот гренслем.
Србинот победи со 6-3, 6-2, 6-0 и потсети зошто седум пати го освојувал Вимблдон и зошто на последните 43 меча на вимблдонската трева има само два порази и тоа двата од Карлос Алкараз во финалиња.
Во третото коло в сабота, Новак ќе игра со сонародникот Миомир Кецмановиќ. Ако победи, за Ѓоковиќ тоа ќе биде јубилејна 100-та победа во кариерата на Вимблдон.