Реал Мадрид кој вечерва со гостувањето кај Алавес тргнува по својата 35-та шампионска титула во шпанското фудбалско првенство, со официјално соопштение реагираше по сензационалната објава на „Ел Мундо депортиво“ кој тврди дека во Кралскиот клуб размислуваат да ја напуштат Ла Лига и да се преселат во Премиерлигата, или по можност во Серија А или Бундеслигата.
„После информацијата која денеска се појави во весникот Мундо Депортиво и во која се вели дека нашиот клуб размислува да напуштање на Ла Лига, и преселба во Премиерлигата, Реал Мадрид сака да соопшти дека тоа е целосно неточно, апсурдно и невозможно. Таа вест имаше за цел да го вознемири нашиот клуб, како што тоа се прави од ден во ден“ – порачаа од Реал.