Брајтон и Вулверхемптон одиграа 3-3 во интересен натпревар во кој двата тима можеа да победат, но на крај изгледа се задоволија со бод, па не напаѓаа безглаво во финишот откако по 70 минути семафорот покажуваше 3-3.
Брајтон и натаму не знае за победа на свој терен сезонава, и натаму нема премиерлигашка победа во јануари, а до бод дојде откако бркаше два гола негатива по првите 45 минути. На домашните за ремито им помогна пеналот на почетокот на второто полувреме. Во Премиерлигата во последните 15-тина сезона немало пенал после само 50 секунди игра во второ полувреме.