32.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Експресно доби српски пасош, во Ѕвезда дојде само пред 88 дена

Фудбалскиот тим на Црвена ѕвезда во составот имаше повеќе странци од дозволеното, а проблемот почна да го решава откако Наир Тикнизјан доби и српско, покрај ерменското и руското државјанство.

Тикнизјан само пред 88 дена дојде во Ѕвезда и почна да живее во Србија, но веќе и официјално според документи стана Србин и ова е веројатно рекордна брзина со која некој добил државјанство на туѓа земја.

Сепак, од ова полза ќе има само клубот, не и репрезентацијата бидејќи тој нема право да игра за Србија. Овој лев бек е стандарен ерменски репрезентативец.

Ова значи дека сега во Црвена ѕвезда статус на странци имаат Сеол, Родригао, Тебо, Сандовал, Милсон, Бабика, Баџо и Олајинка. Играчи како Дуарте и Хендел не се третираат на овој начин бидејќи имаат документи од некои од земјите на Европската Унија.

- Оглас -

Најнови вести