Ексрепрезентативецот на Италија порачува: Прекинете го фудбалот!

Напаѓачот на Бреша Марио Балотели, повикува да се прекине фудбалот во Италија сè додека трае епидемијата со коронавирусот. Ситуацијата во земјата е алармантна, особено во Ломбардија регионот каде што е забележано најголеми присуство на смртоносниот вирус, а повеќе од 5.000 лица се пријавени како заразени, додека животот го загубија 233 лица.

„Парите не се поважни од нашето здравје, мора да се освестиме. Јас го сакам фудбалот повеќе од сè, но за да продолжиме со обврските во шампионатот значи дека треба да патуваме со автобуси, возови, авиони, да спиеме во хотели и да бидеме во контакт со голем број на луѓе. Не можам да си ги видам децата бидејќи не живеат со мене, а не би сакал да ја заразам мојата мајка со која се гледам речиси секој ден во случај да се заразам од честите патувања. Животите на луѓето не се шега, треба да прекинеме со ова лудило!“, порача Балотели.

- Оглас -

Најнови вести