Eкстимот на Солсјкер и Халанд победи, но прими еврогол од пола терен (видео)

Молде тргна со убедлива победа од 4-1 на гостувањето кај Алесунд во првото коло од новата сезона во норвешкиот шампионат, меѓутоа бранителот на титулата прими гол кој ќе го памети долго време.

По половина час игра, при водство на гостите од 1-0, младиот Нордли изедначи со еврогол од половина терен. Играчот за врска на Алесунд ја искористи грешката на противниците и од прва шутираше кон голот, а со мало ефе топката ја затресе мрежата блиску до десниот дирек.

Голот на Нордли можете да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести