Екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, вечерва од 19 часот во салата „Боро Чурлески“ во Битола ќе водат битка која треба да го одреди шампионот во македонската лига.
За да ја освои својата прва титула после 16 години, на битолскиот тим му треба победа. Реми или победа на Вардар, ќе значат нова титула за Црвено-црните.
Најдобрата обложувалница во Македонија, Sport Life, за ова мега дерби подготви богата понуда од игри. Според квотите за конечен тип, благ фаворит е Е. Пелистер.
Посебна привлечност дава понудата за играчи. Дури 18 (по девет од двата тима) различни ракометари се на менито за погодување колку голови ќе постигнат на овој меч за титула.