Денешните Квоти на денот во Sport Lifе нудат пет интересни меча кои доколку ги одиграте заедно на еден тикет, носат вкупен коефициент од 60.19. Фенербахче гостува кај Ејупспор и турскиот гигант треба да победи во меч на којшто ќе има барем по еден погодок во двете полувремиња. Оваа комбинација се вреднува со квота од 2.20.
Во дербито на Бундслигата, Баерн Минхен и Лајпциг се очекува да одиграат дуел полн со голови, па понудата е да има од еден од три погодоци во првиот дел, а на крајот да биде со 4+, што би донело добитен коефициент од 2.25.
Милан гостува кај Верона и Росонерите треба да играат офанзивно. За да биде добитен коефицинетот од 2.25, потребно е Милан да даде најмалку еден погодок во првото полувреме, а на крајот да биде со 2+ гола во мрежата на Верона.
Жирона е време да победи во шпанското првенство, и тоа во меч на којшто ќе има од два до четири погодоци, опција која е со квота од 2.30. Денешен ривал на тимот за којшто игра и Македонецот Бојан Миовски е екипата на Валјадолид.
Во Чемпионшип лигата во Англија, Лутон и Дерби треба да одиграат пресметка во која двата тима ќе постигнат најмалку по еден погодок, но треба да има барем еден гол во првиот дел за да биде добитна опцијата која се вреднува со коефициент од 2.35.