Екстраталентираниот Бразилец со дебитантскиот гол ѝ донесе победа на Барселона (Видео)

Барселона оствари минимална победа во првиот меч откако тренерот Чави Ернандес предизвика земјотрес со изјавата дека на крајот од сезоната ќе си замине од каталонскиот тим.

Фудбалерите успеаја да се соземат по шокот кој им го приреди тренерот Чави и со 1:0 ја совладаа Осасуна во заостанатиот меч од 20-тото коло во Ла Лига.

Херој на каталонскиот тим беше екстраталентираниот Бразилец, Витор Роке, кој во 63-тата минута го постигна дебитантскиот гол за Барселона, и тоа само по една минута откако влезе во игра на местото на Фермин Лопес.

Со новите три бода, Барселона е трета со 47 бода, осум помалку од лидерот Жирона и пет од Реал Мадрид, кој има и натпревар помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести