13.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Екстремна мерка во Бундеслигата како сигурност за регуларен финиш на сезоната

Челниците на германската Бундеслига денеска донесоа одлука сите фудбалери во Бундеслигата и Цвајте од 3 мај да бидат во строг карантин. Играчите и тренерите ќе мора да бидат изолирани во своите домови или тренинг-камповите за да се има поголема сигурност дека сезоната ќе заврши без премногу неочекувани проблеми порзани со корона-вирусот.

На фудбалерите ќе им биде дозволено да го напуштат домот само за да одат на тренинг или на натпревар, а останатиот дел од денот мора да бидат дома. Од 12 мај, сите клубови ќе одат во карантин и таму ќе останат до 22 мај, за кога е предвиден и крајот на сезоната.

Пред влегувањето во карантин, сите фудбалери и тренери ќе бидат тестирани на корона-вирусот и потоа треба да се спречи ширењето на опасниот вирус во пресрет на финишот на сезоната во Бундеслигата. По завршувањето на последното коло, сите играчи ќе бидат слободни.

 

- Оглас -

Најнови вести