Екстремните временски услови во САД го загрозуваат СП во 2026 година

Расте загриженоста во врска со Светското првенство следната година, бидејќи екстремните временски услови предизвикуваат хаос на Светското клупско првенство кое моментно се одржува во САД.

Четири натпревари одложувани во првите пет дена од турнирот поради грмотевици. Со оглед на тоа што се очекува топлотен бран да донесе температури до 41°C следната недела, се очекуваат дополнителни проблеми, што претставува сериозен ризик по здравјето и за навивачите и за играчите.

Ова предизвикува растечка загриженост за влијанието што би можело да го има врз Светското првенство следното лето, чии домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико.

Мечот помеѓу Мамелоди Сандаунс и Улсан беше првиот чиј почеток беше одложен за повеќе од еден час. Другите натпревари беа прекинати околу 40-50 минути, а второто полувреме на Бенфика против Окленд Сити започна дури два часа подоцна.

Два од овие четири меча се одржаа во Орландо кој нема да биде домаќин на Мундијалот, но се наоѓа на три часа возење од Мајами. И Синсинати каде резервите на Борусија попладнево седеа во соблекувална, не е на списокот на градови домаќини за следното лето, но блиските места како Канзас Сити, Атланта и Торонто се. А, пак Њу Џерси, местото на грмотевиците и молњите кога Палмеирас се соочи со Ал-Ахли, ќе биде домаќин на осум натпревари од СП, меѓу кои и финалето.

Поради временската разлика, за да се обезбеди европските навивачи да можат да ги гледаат натпреварите на своите тимови, многу од натпреварите ќе бидат закажани за ручек и попладне, т.е. во најжешките делови од денот.

Екстремните временски услови, како топлината така и бурите, ги изложуваат многу играчи и судии на ризик од топлотен удар, исцрпеност, дехидрација, плус други здравствени проблеми и повреди.

Навивачите кои се на стадионите кога врне пороен дожд или кога сонцето жари, исто така можат да се најдат во тешка ситуација, а сецкање или одложување мечеви е проблем и за телевизиите кои платиле многу пари за правата за преноси.

- Оглас -

Најнови вести