Поранешниот тренер на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу смета дека не е страшно што Новак Ѓоковиќ загуби од Јаник Синер во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија.
Според Муратоглу, поразот добро ќе му дојде на Новак бидејќи со тоа ќе се симне големиот притисок кој го чувствувал Новак поради десетте триумфи на Австралија опен како и дека повторно ќе освојува гранслем-титули.
„Не би бил изненаден доколку Ѓоковиќ почувствувал олеснување по поразот. Не беше свесен колкав товар имаше на неговите рамења. Беше шокантно да се гледа Новак да биде толку вон ритам во едно гранслем-полуфинале. Ова можеби беше негов најлош меч кој сум го гледал. Треба сите да размислат, Новак во Мелбурн не загубил ниту еден меч од 2018 година, ниту еднаш на загубил во полуфинале и има дури десет титули. Дали може да продолжи во ист ритам? Не, тоа е преголем притисок па дури и за шампиони како него. Кога се чувствува преголем притисок понекогаш е потребно тие да не успеат и на некој начин да почувствуваат олеснување. Сега е разочаран, но за неколку дена ќе биде поинаку. Ќе има поинаков притисок на него, само како прв тенисер на светот и најдобар играч на сите времиња. Тоа што му се случуваше во Мелбурн мислам дека беше премногу за него. И понатаму мислам дека годинава ќе освои две или три гранслем-титули“, изјави Муратоглу.