Еквадорското чудо од дете ги надмина Пеле и Марадона (Видео)

Неверојатна седмица е позади тинејџерската сензација Кендри Паес. Тој најпрво доби повик од селекторот на Еквадор, Феликс Санчес, да се приклучи на репрезентацијата, а вчера успеа и да погоди на своето деби. Паес на дуелот против Боливија стана вториот најмлад фудбалер кој дебитирал за една селекција од Јужна Америка, веднаш после Марадона.

Сепак, со неговиот погодок во 45-тата минута со која му донесе водство од 1-0 на Еквадор тој со 16 години и 161 ден стана најмладиот стрелец во Јужна Америка, со што ги надмина и Марадона и Пеле.

Кендри Паес со 15 години дебитираше за Индепендиенте, а летото 2025-тата година ќе се пресели во редовите на Челзи.

https://twitter.com/CONMEBOL/status/1712832138121261328?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1712832138121261328%7Ctwgr%5E3a990b72236c4ca4cb56d0c677982026792518f5%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fekvadorsko-cudo-od-djeteta-nadmasilo-pelea-i-maradonu%2F2503807.aspx

- Оглас -

Најнови вести