Екипата на Индепендиенте Дел Вале од Еквадор е освојувач на Копа Судамерикана, натпреварување во Јужна мерика кое е пандан на Лигата на Европа што ја организира УЕФА. Во големото финале кое се играше во Аргентина, Индепендиенте Дел Вале со 2:0 славеше над бразилскиот Сао Пауло.
Бразилскиот тим беше фаворит за трофејот, но на теренот ситуацијата беше поинаква. Аргентинскиот играч за врска Лаутаро Диаз во 13 минута погоди за водство на еквадорскиот тим, а во 67 минута следуваше нова радост за Индепендиенте Дел Вале кога когоди уште еден Аргентинец. Лоренцо Фаравели на асистенција на Диаз зголеми на 2:0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Во судиското надополнување, црвени картони добија двајца фудбалери на Сао Пауло и тоа поради удирање на противнички играчи.
За Индепендиенте Дел Вале ова е втора титула во Копа Судамерикана, израмнувајќи се со аргентинските Бока Јуниорс и Индепендиенте, како и Атлетико Паранаенсе од Бразил кои имаат два вакви трофеи во своите витрини.