Екваторска Гвинеја е „убиецот“ на великани на АФКОН – Сега настрада Мали, следен е Сенегал

Репрезентацијата на Екваторска Гвинеја се пласира во четврт-финалето на Африканскиот куп на нациите откако по подобро изведување на пенали го победи Мали.

Дури ни по 120 минути немаше погодок, па мораше да се пристапи кон изведување на пенали, а и таму имаше голема драма.

И двете селекции имаа шанса многу порано да ја завршат работата, но победникот беше решен дури во осмата серија, кога Фалаје Сако шутираше по средината на голот. Чуварот на мрежата на Екваторска Гвинеја го процени ударот и донесе голема радост за оваа селекција којашто нема голема ѕвезда во своите редови, но докажуваат дека за националниот тим се игра со срце.

Следен на листата на оваа репрезентација со мала фудбалска историја е големиот Сенегал, кој и покрај тоа што има голем број ѕвезди во тимот, не прикажува добри игри на овој турнир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести