Ал-Келаифи: Реал нудеше повеќе пари од нас за Мбапе, а со Зидан немавме контакт!

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, даде интервју за „Ле Паризиен“, во кое кажа неколку интересни работи за кои се развива дебата по социјалните мрежи дали се вистина или не.

Катарецот призна дека Зинедин Зидан нема да го води ПСЖ, но рече дека не го ни сакале.

„Не е тајна дека разговараме со Ница за тренерот Галтие. Со Зидан не ни разговаравме, ни директно, ни индиректно. Јас го сакам Зидан, беше неверојатен играч и тренер, но одбравме тренер за кој мислиме дека најдобро се вклопува во нашите идеи“, вели Ал-Келаифи.

Што се однесува до играчкиот кадар, Ал-Келаифи рече дека желба им е во тимот да има што повеќе парижани бидејќи во главниот град на Франција имало многу таленти, а се осврна и за Килијан Мбапе.

„Килијан е едуцирано момче кое јас многу го сакам. Ви ветувам дека јас одлучувам кој да биде тренер, а не Мбапе. Луѓето велат дека останал поради пари. Не е точно, Реал му нудеше повеќе отколку ние. Лани сакаа да го купат за 170 милиони евра“, изјави Ал-Келаифи.

- Оглас -

Најнови вести