21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Ел Класико ги подели прогнозерите, останаа уште 24 часа за типување во бесплатната игра

На 24 часа пред завршувањето на терминот за типување за осмото коло сезонава на бесплатната игра на Sport Life, Спортска прогноза, веќе се изјаснија илјадници прогнозери коишто имаат фаворити речиси кај сите парови, освен за шпанското Ел Класико, каде што поделеноста е најголема.

Според процентите кои се актуелни во моментов и до утре може да се сменат, но не премногу, една третина од играчите типуваат на победа на Барселона, 30 отсто веруваат дека ќе слави Реал Мадрид, а 35,7 проценти се за нерешено.

Првиот натпревар во основната понуда започнува утре, во 14 часот, и тоа е терминот до којшто може да се вклучите и да чекате некој од подароците.

Големи дербија има и в недела. Во манчестерската битка дури 72,6 отсто се за победа на Сити, а само 10 отсто им даваат предност на Црвеноите ѓаволи, кои се домаќини.

За Наполи – Милан довербата на половина од играчите ја има Наполи, а само 18,7% од играчите типуваат на победа на Милан.

Прогнозерот што ќе погоди Тринаесетка може да си одбере по сопствен избор еден од трите понудени подароци од Sport Life:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

електричен тротинет,

Сони плејстејшн 5

Играта е бесплатна, сè што ви треба е да имате СЛ картичка, која исто така е бесплатна и може многу брзо да се добие на сите шалтери на Sport Life.

Sport Life ги наградува и утките, па со 12 погодени пара, ви следува ваучер од 1.000 денари, а со 11 погодоци добивате ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести