Ел Класико ќе го суди арбитар што на Реал и на Барса им „донел“ по 15 победи

Хуан Мартинес Мунуер е судијата на кому му е доверена одговорноста да биде главен делител на правдата на првото Ел Класико сезонава. Мунуер е арбитер кој седма сезона е дел од шпанското првенство, а повеќе од 20 пати судел и на Барселона и на Реал Мадрид.

Барселона со Мунуер како главен судија на 21 натпревар има 15 победи, три нерешени и три порази. Реал Мадрид вкупно 24 пати го имала овој арбитер на своите мечеви и е со биланс од 15 победи, пет нерешени и четири порази.

Ел Класико ќе се игра в сабота од 16 часот, а двата гиганти влегуваат по порази во претходното коло во Примера. Реал дома загуби од Кадис со 0:1, а каталонскиот гигант со истиот резултат беше поразен во дуелот против Хетафе во Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести