30.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Ел Класико ќе се игра и во Кралскиот куп, Реал и Барса трипати ќе играат меѓу себе за еден и пол месец

Најголемото светско фудбалски дерби, Ел Класико, наместо уште еднаш и евентуално двапати, до крајот на сезоната ќе се игра трипати, и тоа во рок од еден месец. Ждрепката одлучи Реал Мадрид и Барселона да играат и во полуфиналето на шпанскиот Кралски куп.

Првиот полуфинален натпревар треба да се одигра на „Сантијаго Бернабеу“, а Реал треба да одлучи дали тоа ќе биде на 1 или на 2 март.

https://twitter.com/realmadrid/status/1620035802469175296?s=20&t=2WsTrTEk-9_d2czLvI8FFQ

Реваншот треба да се игра еден месец подоцна. На 4 или 5 април на „Камп ноу“
Реал и Барселона досега играа два натпревари меѓу себе, а резултатот беше идентичен 3:1. Кралевите славеа во рамките на Ла Лига, додека Барселона победи во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Покрај дуелите во полуфиналето на Кралскиот куп, ќе се игра уште едно Ел Класико, и тоа на „Камп ноу“ во рамките на Ла Лига, а тој дуел е закажан за 19 март.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Осасуна и Атлетик Билбао.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1620036620375425026?s=20&t=2WsTrTEk-9_d2czLvI8FFQ

 

- Оглас -

Најнови вести