На повидок Ел Класико во шпанскиот Суперкуп

Барселона, Реал Мадрид, Валенсија и Атлетико Мадрид во првиот месец од Новата година ќе ги одмерат силите во Саудиска Арабија, во битката за трофејот во шпанскиот Суперкуп. Ова е вторпат шпанското натпреварување да се игра на сосема различно тло откако лани Барса и Севилја се пресметаа во Мароко.

Ждрепката за полуфиналните парови одреди Атлетико Мадрид да биде првата пречка за бранителот Барселона, додека Реал Мадрид ќе треба да  ја елиминира Валенсија за Кралевите да добијат шанса да се спротивстават на големиот ривал во големото финале кое е закажано за 12 јануари.

Четирите великани ќе се сретнат на Средниот Исток, а стадионот „Крал Абдул“ во Једа е местото каде што ќе се одржува главното збиднување. Договорот со Шпанската федерација е на три години, со заработка од 40 милиони евра годишно – 20 милиони евра е наградниот фонд, додека 20 милиони евра ќе легнат на сметка на Шпанската фудбалска асоцијација.

Инаку, во 2018 година во Саудиска Арбија се одигра италијанскиот Суперкуп во кој учествуваат Јувентус и Милан, а Италија заработи 20 милиони евра.

Полуфинални парови:

Валенсија – Реал Мадирд, 8 јануари

Барселона – Атлетико Мадрид, 9 јануари

 

- Оглас -

Најнови вести