12.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Ел Класико се играше во само една насока, Барселона не загуби ниту една четвртина против скромниот Реал (Видео)

Барселона многу лесно го доби вечното шпанско дерби против Реал Мадрид во Евролигата и славеше со 93:80.

Каталонците апсолутно доминираа на популарното Ел Класико и добија три од четири периоди.

Само во третата четвртина беше нерешено 16:16, што значи дека гостите од Мадрид не добија ниту еден од четирите периоди од по 10 минути.

Никола Миротиќ беше незадржлив за одбраната на Кралскиот клуб и во извонреден меч постигна 31 поен, а имаше и 10 скока.

https://twitter.com/EuroLeague/status/1469418242762498053?s=20

Барселона ги имаше четирите најдобри стрелци на мечот и по Миротиќ следат Дејвис со 16 поени, Лапровитола со 14 и Јокубатис со 12 поени.

Дури потоа на петтото место е најефикасниот кошаркар на Реал Мадрид, а тоа вечерва во кошаркарското Ел Класико беше Козер со 11 поени.

- Оглас -

Најнови вести