Најголемото фудбалско дерби во светот се игра денеска, а Барселона е домаќин на Реал Мадрид. Каталонскиот гигант е единствен без пораз сезонава (седум победи и три реми), а Кралевите со само седум примени голови имаат најдобра одбрана. На табелата, Реал има 25, а Барса еден бод помалку, што само е потврда колку е значаен овој меч за кој има Специјален сингл во Sport Life.
Традицијата вели дека на девет од последните 12 Ел класика, имало барем три гола. Само еднаш било нерешено во последните 13 дуели што само е потврда дека се игра без калкулации и двете екипи атакуваат на победа.
Роберт Левандовски е главен фаворит за стрелец на првиот гол со коефициент 5, а потоа следува новата тинејџерска ѕвезда на каталонците Марк Гују со седум квота. Кога се работи за гостите од Мадрид, за прв стрелец најголеми шанси имаат Бразилците Родриго и Винисиус Јуниос.
Џуд Белингам кој блеска за Реал Мадрид и даде 11 погодоци во 13 средби е со квота 8 за прв стрелец, а квота 3.20 дека ќе погоди во своето прво Ел Класико.
Тука се и игрите за кој ќе го изведе првиот или последниот корнер, кој ќе го има првиот жолт или црвен картон, кој ќе ја направи првата замена на играч. Границата за вкупен број на корнери на средбата е на 9,5 корнери. Тука се и игрите за тоа какоќе биде постигнат првиот погодок, а дури 17 е коефициентот дека средбата ќе заврши без голови.